Хроника мвр

Автобус на ЈСП удрил во скопјанка- со тешки повреди завршила во болница

Автобус на ЈСП удрил во скопјанка- со тешки повреди завршила во болница

На 21.10.2024 во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со скопски регистарски ознаки при тргнување удрил во А.Н.(55) од с.Драчевица, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top