Хроника

Арачиновец се здобил со повреди откако било стрелано во него

Арачиновец се здобил со повреди откако било стрелано во него

Жител на скопското село Арачиново вчера се здобил со повреди откако било стрелано во него, соопшти МВР.

На 28.08.2024 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, Скопско, било пукано кон А.И.(24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, посочуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top