На 04.01.2026 во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.А.(45) и Ј.Д.(36), двајцата од Кичево.
-Тие се сомничат дека околу 13:30 часот, кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на селото Трапчин дол, кичевско, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на Б.А.(38) од Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Тој, по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.