Хроника

Албанската полиција спречи шверц на добиток од македонска на албанска територија

Албанската полиција спречи шверц на добиток од македонска на албанска територија

Албанската гранична полиција спречила обид за шверц на добиток од македонска на албанска територија преку зелениот појас на границата кај Дебар.

Приведени се две лица, жители на селото Маќелари, кое е во близина на албанско-македонската граница, кај преминот Блато.

-Приведени се Ф.З.(55) и П.Х.(51) , двајцата жители на Маќелари, кои беа фатени од страна на граничната полиција додека превезувале неколку грла крупен добиток без соодветна документација, кој го прошверцувале преку зелената граница со Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Двајцата ќе одговараат пред Обвинителството и судот во Пешкопеја.

Според албанските медиуми, во истрагата ќе соработуваат со македонските колеги со цел откривање на лицата вмешани во нелегалната трговија со добиток. Додаваат дека поради повисоката цена на месото во Албанија зачестени се обидите за шверц на добиток.

To top