На 27/28.07.2024 во периодот од 23.00 до 05.00 часот на подрашјето на Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што биле санкционирани 9 возачи (ТЕ-6 и ГВ-3), кои биле исклучени од сообраќај.
За време на контролите биле констатирани и 19 останати прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-12). На сите возачи-прекршители им биле изготвени законски предвидените поднесоци и ќе се соочат и со заштитна мерка „забрана за управување“ во времетраење од 3 до 12 месеци, зависно од процентот на присуство на алкохолот во крвта.