На 21.12.2023 во 10.40 часот во Полициската станица Велес, 73-годишен велешанец пријавил дека бил измамен од И.„Н“ од Кавадарци.
Според пријавеното, пред неколку дена тие се договориле да живеат заедно во неговиот дом во Велес, по што и дал парични средства да ги чува, по што таа ги зела парите и неговата платежна картичка и си заминала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.