Хроника Како на филм

28 годишник со другари на сила внеле две лица во возило, ги присилувале да признаат кражба

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

28 годишник со другари на сила внеле две лица во возило, ги присилувале да признаат кражба

На 13.03.2025 во 16.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.П.(28) од Гевгелија.

Тој се сомничи дека истиот ден заедно со П.И.(25) од Гевгелија и уште едно лице од Гевгелија со употреба на сила внеле две лица од Гевгелија во возилото, кое го управувал М.П., физички ги нападнале и ги присилувале да признаат дека одзеле паричник од женско лице, по што ги ослободиле, соопшти МВР.

Во просториите на Полициската станица Гевгелија бил повикан и П.И. со кого бил извршен службен разговор.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top