Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (06.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол, соопштија од МВР.
Тие потенцираа дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и упатиа апел до граѓаните да ги почитуват сообраќајните правила и прописи за се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.