Хроника сам се пријавил во полиција

19 годишната девојка која падна од тераса била психички и физички малтретирана од таткото

19 годишната девојка која падна од тераса била психички и физички малтретирана од таткото

Таткото на 19 годишната девојка од Тетово која во саботата падна од тераса од куќата на нејзиниот дедо, вчера самиот се пријавил во полиција по што со него е извршен разговор, велат од полицијата.

-Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А., информира МВР.

По насока од јавен обвинител А.А. е пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Девојката по падот се здобила со тешки повреди, а по укажаната прва помош, итно била транспортирана во Клиничкиот центар во Скопје поради сериозноста на повредите.

To top