Хроника Сообраќајни контроли продолжуваат

177 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.

177 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден (21.03.2024) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 177 пешаци од кои, 139 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 131 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.

To top