Хроника

160 санкционирани возачи викендот на подрачје на СВР Битола, 56 за брзо возење

160 санкционирани возачи викендот на подрачје на СВР Битола, 56 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (19/20/21.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 15 мерки за возење под дејство на алкохол, 8 мерки за зборување на мобилен телефон, 22 мерки за возење без возачка дозвола …

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

To top