Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл, соопштија од министерството за внатрешни работи.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од МВР.