На 11.08.2024 во 23.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.У.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил А.Х.(12), кој со решение од Центарот за социјални работи му бил даден на згрижување.
Детето, според пријавата, и претходно неколку пати се оддалечувал и бил пронаоѓан.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.