Хроника мвр

117 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

117 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопштија од министерството за внатрешни работи.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнуваат од МВР.

To top