Вести мвр билтен

Фрчат пријави на сите страни: МВР со дузина на кривични против лица кои се огрешиле пред Законот

Во дополнителниот полициски билтен на МВР, денеска можи да се забележат дузина на кривични пријави против лица кои што се огрешиле пред Законот.

Фрчат пријави на сите страни: МВР со дузина на кривични против лица кои се огрешиле пред Законот

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 03.10.2024 во Тетово, поради претходно недоразбирање, пријавените физички нападнале друг малолетник.

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.С.(28) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 30.12.2023 во близина на с.Бистрица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „сеат леон“, во кое бил пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана, од која овозможил да користат други две лица.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.С.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 24.09.2024 во обложувалница во с.Брвеница, тетовско, пријавениот физички нападнал вработен од агенција за обезбедување.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 29.09.2024, пријавениот му одзел пиштол на шумски полицаец, по што пред угостителски објект во Прилеп испукал неколку пати од пиштолот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.М.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 29.08.2024, неговата поранешна партнерка пријавила дека во периодот од 2023 до мај 2024 во повеќе наврати преку социјални мрежи К.М. ја уценувал дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина доколку не му даде пари, по што во повеќе наврати и на различни локации му исплатила вкупно 501.730 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.З.(39) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 26.02.2024 во основно училиште во Гостивар, по претходна физичка пресметка помеѓу двајца малолетници, дошол пријавениот, татко на едниот малолетник, и му упатил закани по живот на другиот малолетник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С. (63) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 27.11.2024, по претходна расправија во семејниот дом, пријавениот со моторна пила упатувал закани по животот на неговата сопруга.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С.(31) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 22.06.2024, пријавениот упатувал закани на неговата сопруга.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Т.(56) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи права“. Пријавениот, управител на правно лице од Битола, во периодот од 27.04.2022 до 13.11.2024, го спречил остварувањето на правата на банка, како заложен доверител, врз предметите на кои банката има заложно право и кои се составен дел на солемнизација – договор за залог на подвижни предмети во својство на извршна исправа, на тој начин што ги продал и ја спречил можноста за исплатување на доверителот – банката, со што нанел материјална штета во вредност од 192.246 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.М.(49) од с.Ново Село, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пиратерија на аудиовизуелно дело“. На 02.10.2024 во објект во Тетово, полициски службеници го затекнале пријавениот, кој противправно користел, неовластено репродуцирал и без овластување на авторот го пуштал во промет и ставал на располагање во јавноста.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(56) од с.Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пиратерија на аудиовизуелно дело“. На 02.10.2024 во објект во Тетово, полициски службеници го затекнале пријавениот, кој противправно користел, неовластено репродуцирал и без овластување на авторот го пуштал во промет и ставал на располагање во јавноста.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Д.(65) од с.Добарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во текот на октомври 2024 во Тетово, пријавениот изградил бетонски скали во колективен објект и поставил бетонска стаза без да поседува одобрение на градба издадено од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Н.(55) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 19.11.2024, полициски службеници во Тетово извршиле контрола над патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, при што било утврдено дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 19.08.2024 на ул.„11 Октомври“ во Скопје, пријавениот физички го нападнал М.Б. и му одзел пари и мобилен телефон.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Р.(59) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 22.10.2024, екипа на ЕВН извршила увид и констатирала дека пријавениот неовластено преземал електрична енергија со директно премостување на мерниот уред, без контрола и мерење на потрошена електрична енергија.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против С.С., Г.С., И.С. и Ј.Г., сите од с.Дукатино, радовишко, поради постење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 28.11.2024 на место викано „Сука“, пријавените извршиле сеча на огревни дрва за кои не поседувале документација за сеча, по што ги натовариле на трактор за да ги продадат.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против С.К. и Т.К., двајцата од с.Горни Липовиќ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 28.11.2024 на место викано „Ушковица“, пријавените извршиле сеча на огревни дрва, за кои не поседувале документација за сеча и превоз.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.С.Б.(34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 01.11.2024 во Гостивар, пријавената физички нападнала малолетник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.К.(61), Љ.А.(41), Џ.А.(63), Б.А.(35) и Н.К.(31), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 16.08.2024, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.М.(18) и малолетник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 19.08.2024 во работилница во Тетово, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале Б.Б., при што употребиле остар и метален предмет и му нанеле повреди.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Н.(32) и Д.В.(27) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.08.2024 во Тетово, по претходна расправија, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

To top