Економија волстрит

Закрепнување на Волстрит со фокус на резулатите на компаниите

На најголемата светска берза њујоршки Волстрит берзанските индекси значително пораснаа во четвртокот, враќајќи го најголемиот дел од загубите од претходниот трговски ден, а инвеститорите беа фокусирани на кварталните деловни резултати на компаниите.

Закрепнување на Волстрит со фокус на резулатите на компаниите

На најголемата светска берза њујоршки Волстрит берзанските индекси значително пораснаа во четвртокот, враќајќи го најголемиот дел од загубите од претходниот трговски ден, а инвеститорите беа фокусирани на кварталните деловни резултати на компаниите.

Идексот Dow Jones зајакна 0,97 отсто, на 38.519 поени, додека S&P 500 порасна за 1,25 отсто, на 4.609 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,30 отсто, на 15.361 поени.

Така, индексите надополнија најголем дел од загубите од претходниот ден, кога остро паднаа бидејќи по пораките од седницата на американската централна банка избледеа надежите дека Fed ќе почне да ги намалува каматните стапки веќе во март. Сепак, пазарот е поддржан од надежите дека Fed поагресивно ќе ги намали каматните стапки во втората половина од годината.

„Пораките на Fed сѐ уште се анализираат. Сѐ појасно е дека каматните стапки нема да се намалат во март, но вчерашниот пад на пазарот беше прекумерен. Затоа, сега сме сведоци на закрепнување“, вели Томас Мартин, портфолио менаџер во GLOBALT.

Во фокусот на инвеститорите се и кварталните деловни резултати на компаниите.

Досега 208 компании од индексот S&P 500 ги објавија резултатите од своето работење во последниот квартал од минатата година, при што околу 80 отсто од нив ги надминале очекувањата на аналитичарите во однос на заработката. Заработката во последниот квартал од минатата година сега се очекува да биде за 6,4 отсто поголема од пред една година, додека пред еден месец се проценуваше дека заработката ќе порасне за 4,7 отсто. Но, предупредуваат аналитичарите, тоа е резултат на претходно поставениот низок праг.

По затворањето тргувањето на на Волстрит, деловните резултати беа објавени од технолошките гиганти „Apple“, „Amazon.com“ и „Meta Platforms“. Благодарение на подобрите од очекуваните резултати, цените на акциите на „Meta“ и „Amazon“ силно пораснаа, додека цената на „Apple“ значително падна.

Во петок ќе биде објавен извештајот за работни места во САД, што обично има значително влијание врз насоката на пазарот. Сите најнови податоци покажуваат дека растот на американската економија и на пазарот на труд постепено забавува.

„Се следат сите показатели, а оние од пазарот на трудот покажуваат дека пазарот сѐ уште е здрав, но тој раст постепено забавува. Тоа го очекуваме и во текот на оваа година – продолжување на растот, но со побавно темпо“, вели Бил Нортеј, директор во американската компанија „U.S. Bank Wealth Management“.

To top