Економија сад

„The Defiant Ones“: Трамп најави нова платформа за криптовалути

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој повторно се кандидира за оваа позиција на ноемвриските избори, денеска објави нова платформа за криптовалути „The DeFiant Ones“ во сопственост на неговата организација.

Името е игра на зборови бидејќи може да се чита како „пркосен“, додека DeFi е популарна кратенка за децентрализирани финансии.

Трамп оваа информација ја сподели со своите 7,5 милиони следбеници на мрежата „Truth Social“.

„Предолго, просечниот Американец беше под притисок од големите банки и финансиските елити. Време е да заземеме став – заедно“, напиша Трамп.

За неколку минути објавата ја сподели и неговиот син Доналд Трамп Јуниор со своите 12 милиони следбеници на платформата Икс (поранешен Твитер).

Објавата на Трамп вклучуваше линк до каналот Телеграм наречен „The DeFiant Ones“, кој имаше околу 29.000 следбеници од четвртокот наутро, објави Си-Ен-Ен.

Доналд Трамп ја поддржа индустријата за криптовалути неколку пати во неговата претседателска кампања.

To top