Министерството за економија денеска треба да добие Предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со според најавите 100 прехранбени земјоделски производи со ограничени трговски маржи или замрзнати цени.
Според најавите, со есенската кошница треба да бидат опфатени зеленчук, овошје, пекарски, млечни производи,. . . Предлогот треба да биде усвоен утре на редовната седница на Владата.
Работната група е составена од претставници на министерствата за економија, земјоделство и финансии.
Врз основа на симулација ќе ја утврди есенската потрошувачка кошница со 100 производи и дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти.