Економија

Нова химна, видео спот и медиумски продукти, се ребрендираше „Универзитетот Скопје“

Светски признанија, домашни награди, стипендии, магазин за успешните луѓе и менаџери – „Универзитетот Скопје“ годинава се ребрендираше и промовираше новa химна, видеоспот и медиумски продукти.

Нова химна, видео спот и медиумски продукти, се ребрендираше „Универзитетот Скопје“

„Името Скопје за мене значи многу. Јас сум овде роден, ова е моето Скопје и никому не го давам. Исто како што нашата заедничка татковина ја нарекувам мојата Македонија, и вечерва тука ќе ја славам со вас!“, рече проф. д-р Аце Миленковски, ректор на „Универзитетот Скопје“, објаснувајќи ги мотивите за новото име на поранешниот Универзитет за туризам и менаџмент, на прославата што ја организираше оваа институција по повод 27 Септември, Светскиот ден на туризмот.

„Денес тука ги славиме не само убавината и различноста на светот тука и можностите што ги носи туризмот во нашите животи“, со овие зборови деканот на Факултетот за туризам на Универзитетот Скопје, проф. д-р Сашко Граматниковски, ги поздрави присутните на прославата на платото пред објектот на Универзитетот.

Како членка на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO), „Универзитетот Скопје“ со јавноста го сподели и сето она што го сработи неговиот тим за извонредно краток временски период. Во време на дигитализација и наплив од достапни информации, оваа високообразовна институција почна нов проект за да го врати пишаниот збор во фокус на идните генерации.

„Целта без план е само желба, но ако се усогласат желбата и планот, може да имаме долгорочен успех! Јас секогаш верувам во себе и во своите сили, но и во моите соработници и во тимската работа. Не се плашам од учење и новини, не се плашам од предизвици! Така и го прифатив предизвикот на ректорот Миленковски да го создадеме заедно Магазинот за туризам и менаџмент во издание на Универзитетот Скопје!“, изјави м-р Билјана Трендафилова, главен и одговорен уредник на магазинот, кој беше промовиран на прославата. Магазинот за туризам и менаџмент во издание на Универзитетот пренесува успешни животни приказни, кои се пример, инспирација и поттик за поодговорен и активен однос кон општеството.

,,Универзитет Скопје“, лидер во високото образование во Македонија, минатиот месец доби и меѓународно признание за најдобар универзитет во деловното образование, за неговото значајно влијание врз обликувањето на следната генерација бизнис-лидери. По тој повод, на ректорот проф. д-р Аце Миленковски, му беше доделена титулата „Амбасадор на образованието за 2023“.

„Универзитетот Скопје“ во изминатата година активно даде подршка и за сите амбициозни и талентирани личности да се запишат и да стекнат знаење на една од најдобрите високообразовни институции во земјава. Се стипендираа стотици млади луѓе, талентирани спортисти, па Универзитетот доби и награда за општествена одговорност кон младите луѓе.

To top