Економија пензии

Некој 600, а некој 3000 денари, денеска пензионерите ќе ги добијат зголемените пензии!

Пензиите се на сметките од пензионерите. Надополнети со пресметаните 5,3 проценти кои произлегоа од првото годинешно усогласување со движењето на животните трошоци и на просечната плата. Тоа значи дека 338.188 пензонери (бројка од последната статистика на ПИОМ за февруари) денес добиваат плус од 664 до 4.029 денари, зависно од висината на примањата. Или, кому десет, кому 65 евра, сите други нешто помеѓу.

Најбројни се пензионерите – 86.907, кои се корисници на најниските законски пензии, кои до усогласувањето беа на нивото од 12.528 до 16.058 денари. Кон оваа највисоката од најниските суми денес се додадени уште 851 денар. Пензиите од 20.175 денари добиваат 1.069 денари, од 31.859 се со плус 1.688 денари, додека тие 2.893 денари следуваат за пензионерските примања од 54.588 денари.

Над тој износ се пензиите кои можат да им парираат на ценовните поместувања и на потрошувачката кошница. Доаѓаат на банкарските сметки на 2.724 корисници, кои во пензионерската структура учествуваат со ниски 0,81 отсто.

Уште пониска е застапеноста на корисниците на „плафон“ пензиите. Се работи за само 19 лица со месечни 76.035 денари. Токму ним мартовското усогласување им носи по 4.029 денари.

Податоците од ПИОМ покажуваат дека откако е почната примената на методологијата на прилагодување кон промените, пензиите се поместувале – во 2022 првиот пат за 2,9%, вториот за 6,8%, а во 2023 – за 8,4% и за 5,3%, колку што е и последниот процент.

Пензионерското незадоволство од висината на примањата и од стандардот што им го обезбедуваат, масовно се изразуваше преку повеќемесечните протести. Затишје се случи во зимскиот период, кога пензионерите со најкритичните пензии почнаа да ја користат петмесечната државна помош, мерка на која месецов и завршува рокот на траење.

Сепак, пензионерите нагласуваат дека не отстапиле од барањата за линеарно зголемување на сите пензии за пет илјади денари и за утврдување на минимална пензија, која би била околу нивото на минималната плата.

Најнови вести од Економија

To top