Економија рудници

Наместо директни инвестиции, работат преку скриени оф-шор мрежи: Рударството останува една од најмоќните руски алатки за влијание во земјава?!

Најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија потврди дека земјава има добро ниво на подготвеност за членство во ЕУ во делот на надворешната и безбедносната политика. Ова е едно од ретките поглавја во Извештајот за кое се наведува дека е постигнат „добар напредок“. Особено се потенцира целосното усогласување на Македонија со рестриктивните мерки на ЕУ наложени кон Русија.

Наместо директни инвестиции, работат преку скриени оф-шор мрежи: Рударството останува една од најмоќните руски алатки за влијание во земјава?!

Најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија потврди дека земјава има добро ниво на подготвеност за членство во ЕУ во делот на надворешната и безбедносната политика. Ова е едно од ретките поглавја во Извештајот за кое се наведува дека е постигнат „добар напредок“. Особено се потенцира целосното усогласување на Македонија со рестриктивните мерки на ЕУ наложени кон Русија.

Токму целосната усогласеност со надворешната политика на ЕУ најверојатно е една од можностите за намалување на руското влијание. Според анализа на истражувачкиот центар на Европскиот парламент посветена на влијанието на Кремљ преку економиите во земјите од Западен Балкан, „Северна Македонија и Албанија се идентификувани како најмалку ранливи земји, додека Босна и Херцеговина е најподложна на руско влијание, веднаш пред Србија“.

„Експертите предупредуваат дека големото присуство на Русија во стратешки сектори ги прави владите во регионот ранливи на нејзиниот притисок и го нагласуваат ризикот од заробување на државата“, се вели во анализата.

Во неа сепак се додава дека се зголемило руското економско влијание во регионот, особено по првите санкции кон Москва во 2014-тата година поради анексијата на Крим. Во случајот со Македонија, како што се оценува од Центарот за демократски студии, наместо директни руски инвестиции, се користат компании скриени зад оф-шор мрежи или зад фирми основани во земји-членки на ЕУ.

„Економскиот печат на Русија се протега и на други македонски компании. Од 2005 до 2015 година, компанијата Солвеј (која е официјално регистрирана во Швајцарија, но има врски со холдингот РУСАЛ на Дерипаска), го поседуваше Саса, рудникот за олово-цинк и бакар, како и Бучим, најпродуктивниот рудник за бакар и злато во земјата“, пишува во извештајот.

Иако компанијата Солвеј негира поврзаност со целите на руската држава и нејзината политика, поранешниот директор на рудникот Бучим во Радовиш, Дмитриј Кудрјаков заврши на црната листа на САД за ширење руско влијание. Од Центарот за демократски студии јасно ја укажуваат и поврзаноста на Солвеј со компанијата РУСАЛ (Руски алуминиум), чиј основач е олигархот Олег Дерипаска. Компанијата РУСАЛ се основа по спојување со СУАЛ Груп (Сибирско-уралска алуминиумска компанија), која за шеф на управувачкиот одбор од 2003 до 2007 година го има Александр Бронштајн, основачот на Солвеј. Во меѓувреме, бизнис партнерот на Бронштајн, Олег Дерипаска исто така заврши на американската црна листа. Тој важи за еден од најблиските луѓе на рускиот претседател Владимир Путин и е обвинет за мешање во американските избори во 2016-тата година. За Дерипаска неодамна беа наложени и дополнителни санкции поради финансирањето на војната во Украина.

Неодамна, во интервју за Канал 5, познатиот новинар Александар Чомовски изрази загриженост поради тоа што руски тајкуни доминираат на пазарите на олово, цинк и бакар во Македонија, без соодветно внимание од политичарите. Тој реагираше дека рударскиот сектор е запоставен од државата и не се реализираат инвестиции, посочувајќи го како пример рудникот за бакар во Иловица, кој е канадска инвестиција.

– Зошто не излезат нашите политичари и да им кажат, види нема потреба од рударство и злато, ние ќе си живееме во една селска еколошка оаза, во услови кога сите рудни богатства на Македонија се дадени на руски тајкуни – вели Чомовски.

Сличен став во медиумите сподели и поранешниот амбасадор Јован Донев. Во гостување на телевизија Алфа тој кажа дека постојано се елиминираат можностите за отворање на нови рудници, што, според него, е прашање на национална безбедност.

– Како може некој да ме убеди дека заради триесет луѓе се затвора Иловица, за тие да произведувале органски домати? За кого? Тоа е удар против националната безбедност на Република Македонија. Пет рудници за злато требаше да има по таа линија. Сите добија концесии за истражување, но ги снема. Целиот сегмент на меката безбедност, вклучувајќи ја и корупцијата, го испуштаме од раце и затоа имаме проблеми – кажа Донев.

Во анализата на Центарот за демократски студии се истакнува дека Русија остварува локална моќ преку најмени посредници, кои за возврат имаат корист од деловни можности или руска поддршка за нивни политички цели. Со тоа се создава ранливост во државата што Русија може да ја користи за да влијае на политичкото одлучување. Оттаму порачуваат да се диверзифицираат странските инвестиции, особено поради прекумерен капитал од авторитарни држави што е концентриран во една или во две индустрии во земјата.

To top