Економија Државен завод за статистика

Намален бројот на работници во индустријата

Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 4.1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање од 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 4.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 2.6 %, кај Капитални производи за 6.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.3 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка од 18.0 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2025 година, во споредба со првите два месеца од 2024 е помал за 3.8 %.

To top