Економија пензии

Најголема пензија во ЕУ има Луксембург, 2.575 евра, најмала Бугарија, 226 евра

Просечната месечна пензија на ниво на Европската унија е 1.294 евра, пренесува „Блиц.рс“. Меѓу десетте земји со највисока просечна месечна пензија се Луксембург (2.575 евра), Норвешка (2.438 евра), Данска (2.417 евра), Швајцарија (2.138 евра), Австрија (1.962 евра), Холандија (1.931 евра), Ирска ( 1.906 евра, Шведска (1.838 евра) и Белгија (1.737 евра), објави Евростат.

Од поранешните ју-држави, Босна и Херцеговина е меѓу европските земји со најниска просечна месечна пензија (237 евра или 474 км). Во Бугарија со 226 евра и во Албанија со 131 евро, пониски се просечните месечни пензии од оние во БиХ.

Кога станува збор за другите земји од поранешна Југославија, највисока просечна месечна пензија има во Словенија (692 евра). Во Хрватска пензионерите добиваат 388 евра, а во Црна Гора 291 евро.

Недостигаат податоци на Евростат за Северна Македонија и Косово.

Според последните податоци на српскиот пензиски Фонд, просечната априлска пензија во Србија изнесувала 45.731 динари (23.000 денари).

Најнови вести од Економија

To top