Економија берза

Најбогатите луѓе во светот загубија вкупно 208 милијарди долари поради царините на Трамп

Според првичните пресметки, 500-те најбогати луѓе во светот вчера изгубиле вкупно 208 милијарди долари поради големиот пад на цените на акциите по воведувањето царини од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Ова е четврти најголем еднодневен пад во 13-годишната историја на индексот на милијардери на Bloomberg, а воедно и најголем од врвот на пандемијата COVID-19.

Најголеми загуби се забележани кај челниците на американските технолошки гиганти.

Основачот на Meta, Марк Закерберг загуби најмногу – 17,9 милијарди долари – откако акциите на неговата компанија паднаа за 9 отсто, пишува Bloomberg.

Џеф Безос изгуби 15,9 милијарди долари бидејќи акциите на Amazon исто така потонаа за 9 отсто за еден ден.

Илон Маск загуби 11 милијарди долари, со што вкупните загуби од почетокот на годината до денес достигнаа 110 милијарди долари.

To top