Економија

Нафтата и златото поскапеа по падот на режимот во Сирија

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 68.008 долари, а цената на нафтата Брент на 71.854 долари.

Нафтата и златото поскапеа по падот на режимот во Сирија

Европските берзански индекси ја започнаа неделата со раст, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цената на нафтата, златото и пченицата.

Порастот на цената на нафтата и златото, меѓу другото, е последица на несигурноста по повод натамошниот развој на ситуацијата на Блискиот Исток по падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија, пренесува Блумберг.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 68.008 долари, а цената на нафтата Брент на 71.854 долари.

Европските фјучерси за гас на отворањето на берзата ТТФ се продаваа по цена од 46.350 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2649,23 долари за унца, а на пченицата на 5,4293 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,05593, што е приближно исто како и во петокот.

Најнови вести од Економија

To top