Економија од полноќ

Мазутот поскапува, бензините и дизелот со иста цена

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 ден/кг и сега ќе изнесува 42,901 ден/кг.

Мазутот поскапува, бензините и дизелот со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49% во однос на одлуката од 19.2.2024 година.

Од полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 ден/кг и сега ќе изнесува 42,901 ден/кг.

Од 23.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,901 (денари/килограм)

Најнови вести од Економија

To top