Економија Погледнете ги цените во другите држави

Македонија со најевтини горива во регионот

Иако кај цената на дизелот се бележи драстично поскапување, сепак Македонија останува држава со најевтини горива во регионот.

Македонија со најевтини горива во регионот

Како последица на војната во Иран, вчера Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите, зголемени, цени на горивата во Македонија.

Иако кај цената на дизелот се бележи драстично поскапување, сепак Македонија останува држава со најевтини горива во регионот.

Од ноќеска на полноќ, дизелот во Македонија се продава по цена од 85,5 денари или 1,39 евра.

Погледнете ги цените во другите држави во регионот:

БиХ – 86.38 денари (1,4 евра).

Бугарија – 88,23 денари (1,43 евра).

Словенија – 94.4 денари (1.53 евра).

Косово – 94.55 денари (1,55 евра).

Хрватска – 106.12 денари (1,72 евра).

Србија – 106,74 денари (1,73 евра).

Грција – 109.83 денари (1,78 евра).

Албанија – 111,06 – 121.55 денари (1,8- 1,97 евра).

Од 10.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар).

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар).

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар).

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар).

Мазут М-1 НС 42,586 (денари/килограм).

To top