Економија прекршиле закон

Крипто берзата Binance казнета со четири милијарди долари оти не спречила перење пари

Најголемата светска крипто берза Binance се согласи да плати судска спогодба од околу четири милијарди долари, откако нејзиниот основач и извршен директор Чангпенг Жао се изјасни за виновен пред американскиот суд дека не спречил перење пари на оваа платформа.

Жао поднесе оставка како извршен директор на компанијата, а Бајнс призна дека го прекршил Законот за банкарска тајна на САД и програмата за санкции, како и дека не пријавил сомнителни трансакции, пренесува АП.

„Ако користите нова технологија за да го прекршите законот, вие не сте иноватор, туку криминалец“, рече американскиот државен обвинител Мерик Гарланд, кој спогодбата ја нарече една од најголемите корпоративни казни во историјата на САД.

To top