Економија

Економскиот развој и соработката со Владата во фокусот на отворениот ден на Стопанската комора на северозападна Македонија

Економскиот развој и соработката со Владата се во фокусот на отворениот ден на бизнис-членките на Стопанската комора на северозападна Македонија што се одржува денеска во Скопје.

Економскиот развој и соработката со Владата во фокусот на отворениот ден на Стопанската комора на северозападна Македонија

Економскиот развој и соработката со Владата се во фокусот на отворениот ден на бизнис-членките на Стопанската комора на северозападна Македонија што се одржува денеска во Скопје.

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Менди Ќира, пред настанот изјави дека меѓу темите кои што ќе се разговараат се и апликација на проектите што ги нуди Владата.

-Во рок од шест месеци имаме втор службен состанок со Владата. Тоа е еден добар знак дека ние соработуваме и ги отвораме прашањата што ги има стопанството и бизнис заедницата во целост. Денеска ќе имаме состанок каде што ќе разговараме за многу теми. Меѓу нив се и темите за апликација на проектите преку кои Владата дава можност да се искористат некои средства кои тие ќе ги нудат. Тоа е за поздравување. Мислам дека ќе најдеме заеднички јазик и ќе продолжиме да работиме понатаму, рече тој.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, согласно приоритетите на владата, комуникацијата со економските комори е неопходна.

-Имајќи предвид дека столбовите на владата се економски развој, животниот стандард на граѓаните, децентрализацијата, тоа наметнува почесто и регуларно да се грижиме, соработуваме и комуницираме со економските комори. Тука гледаме како голем потенцијал што се развива Коридорот 8, потенцијал за Полошкиот регион, исто така, околу 400 милиони евра кои што веќе се делат на општините за конкретни капитални проекти, исто така, еден потенцијал и можност за фирмите од домашни да влезат во овие проекти, да ги реализираат, кои што ќе придонесат и за капитални инвестиции, за економски развој.

Тој дополни дека целта на Владата не е со фокус само на странските инвестиции, туку и домашните инвеститори, бидејќи и тие, како што рече, прават извоз и придонесуваат за економскиот развој и буџетот на државата.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, додаде дека се тука одблиску да ги сослушаат проблемите со кои секојдневно се соочува бизнис заедницата.

-Тука сме да го елаборираме Законот финансиска поддршка која ја имплементира Агенцијата за странски инвестиции, да ги презентираме можностите и бенефитите кои ги имаат компаниите кога се одлучуваат на инвестирање. И нормално, од блиску да ги сослушаме проблемите со кои секојдневно се соочуваат, рече тој.

To top