Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за цените на нафтените деривати.
Согласно последната одлука на РКЕ, цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за еден денар, а цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемија за 1,50 ден/лит.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)