Економија заземање подобра позиција

АНАЛИЗА: Можеби е време за акцијата – КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ       

Едно е сигурно,одлуката на САД за царините ќе предизвика репреговарање на трговските односи во светот. Секоја земја ќе се обиде да заземе подобра позиција, со помали царини, ако е можно и договори за слободна трговија, што би била идеална позиција во економските односи со САД.

Во меѓувреме, можеби е време да се вратиме на акцијата – ,,КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ‘‘, по примерот на новата американска реалност воведена од Трамп – ,,Почнете да купувате американски производи‘‘.

АНАЛИЗА: Можеби е време за акцијата – КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ       

     ,,Почнете да купувате американски производи‘‘ е само продолжение на трамповата кампања ,,Да ја направиме Америка повторно голема‘‘. Оттаму, воведувањето царини за сите земји од најмалку 10%, не треба да изненадува, туку само покажува дека тоа што го ветуваше во предизборието, Трамп и го остварува.

Тоа што останува нејасно е принципот-пресметката по која амриканскиот претседател ги оцарини земјите низ светот. Дали Црна Гора, Албанија и Косово навистина немаат или имаат мал суфицит во трговијата со САД, па се оцаринети со 10%, а Србија (37%), БиХ (35%) и Македонија (33%) имаат толку голем суфицит? Парадоксално е што токму Македонија има дефицит во трговијата со САД. Според Државниот завод за статистика, во 2024 година увозот од САД е околу 180 милиони долари, а извозот е 118 милион долари.

Во многу случаи, пријателот е полош од непријателот кога станува збор за трговијата – изјави Трамп, нагласувајќи дека тарифите не се целосно реципрочни, туку љубезно реципрочни.

Дали е можно да е направен превид во пресметките и дали може да се поправи?

Од Владата велат дека владините тимови ги анализираат можните последици и имаат подготвен и јасен план за надминување на ситуацијата. Веќе се воспоставени контактите со американската администрација, кои ќе продолжат на високо ниво.

Тој дијалог ќе биде продолжение на предлогот од премиерот Мицкоски при посетата на Вашингтон на инаугурацијата на претседателот Трамп, за потпишување договор за слободна трговија со САД, со што би се укинале сите царини, па дури и нелогичните од 60% на одредени производи. Истото му е предложено и на државниот секретар за трговија на САД, Хауард Лутник. Ако се суди по реакциите идејата не е неостварлива, со оглед дека таквиот договор ќе биде само продолжение на стратешкото партнерство со САД, кое предвидува соработка на многу нивоа.

Во едно се сите согласни. Воведувањето царини, за Македонија од 33%, а за ЕУ од 20% проценти ќе имаат индиректни, односно секундарни ефекти врз македонската економија, со оглед дека САД се на 24 место на листата на трговските партнери на Македонија.

Тие ефекти ќе бидат поголеми за македонските производители, пред се тие од ТИР зоните кои своите производи, главно за автомобилската индустрија ги пласираат најмногу за компании од ЕУ, а помалку директно во САД.

На пример, автобусите на Ван Хул се со земја на потекло Македонија, но нивни продавач во САД е Белгија. Така што царината за нив ќе биде 20%, а не 33 проценти.

Ефекти ќе почуствува и извозот на алуминиум и челик, како и текстилната индустрија, базирана на лон-производство. И за тие стоки ќе биде клучно, не земјата на потекло, туку земјата продавач во САД.

Доколку не се случи репреговарање, сериозен удар може да имаат македонските бизнисмени од САД, кои имаат намера или веќе отворија капацитети во Македонија, кои сервисираат компании во САД. Царината од само 10% за Косово и Албанија може да влијае на сите нови странски инвеститори, кои не донеле одлуки, односно овие 2 земји би биле поатрактивни за нив, доколку нивното производство е наменето само за САД. Но, мало или никакво влијание би имало на постоечките капацитети, пред се во ТИР зоните.

Едно е сигурно,одлуката на САД за царините ќе предизвика репреговарање на трговските односи во светот. Секоја земја ќе се обиде да заземе подобра позиција, со помали царини, ако е можно и договори за слободна трговија, што би била идеална позиција во економските односи со САД.

Во тој меѓупериод, растот на светско ниво ќе се намали. За колку ќе се види од интензитетот на ,,царинската војна‘‘ незапамтена од 30-тите години на минатиот век.

Во меѓувреме, можеби е време да се вратиме на акцијата – ,,КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ‘‘, по примерот на новата американска реалност воведена од Трамп – ,,Почнете да купувате американски производи‘‘.

Најнови вести од Економија

To top