Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Гази Баба, Н.Ј.(36) од с.Инџиково, скопско пријавил дека на ул.„Сава Михајлов“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Од МВР известуваат дека во Полициска станица Гази Баба, К.Х.(79) од Скопје пријавил дека на ул.„Габреш“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во Полициска станица Гази Баба, М.Ш.(20) од Скопје пријавил дека на ул.„519“ во н.Керамидница во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчера во СВР Скопје, М.З.(22) од Прилеп, пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.