Вести проблемите на Барселона не завршуваат тука

Барселона во голема неволја – половина тим е повреден

Фудбалскиот клуб Барселона е во големи проблеми во пресрет на саботното гостување кај Алавес. Вечерва Реал може да им „избега“ 10 бода доколку „кралскиот клуб“ го победи Хетафе, а во последните три натпревари забележа два порази, меѓу кои и испаѓање од Купот по поразот од Атлетик Билбао. Вчера успеаја да победат против Осасуна, но тој натпревар остави големи последици.

Барселона во голема неволја – половина тим е повреден

Имено, Барселона на почетокот на оваа недела го загуби Жоао Феликс поради повреда за првиот дел од февруари, а Феран Торес во 7. минута го напушти теренот на мечот со Осасуна поради проблем со мускулот, па и тој ќе отсуствува неколку недели. Тоа значи дека вкупниот број на повредени играчи во Барселона се искачи на девет, оставајќи го Чави Ернандез со само 12 номинални сениори. Се чини дека екстремно младите играчи Ламине Јамал, Хектор Форт, Пау Кубарси и Марк Гуиу сега се дел од плановите на Чави – сакал или не.

Но, проблемите не завршуваат тука бидејќи „AС“ известува дека работите би можеле да станат уште полоши. Роналд Араухо и Жоао Кансело и двајцата кривеа по натпреварот со Осасуна поради проблеми со колената, а нивната подготвеност за овој викенд е под знак прашалник. Двајцата се клучни играчи и без нив Чави ќе мора да се потпре на Форт како лев бек и Андреас Кристенсен во центарот на одбраната покрај Кубарси.

Данскиот среден бек, исто така, се бори со хронични проблеми и можеби нема да биде достапен ниту за натпреварот во сабота. Поситни проблеми имаат и Јамал и Ориол Ромеу, но тие би требало да бидат подготвени за мечот со Алавес. На сето тоа треба да се додаде дека на еден жолт картон од суспензија се Роберт Левандовски, Ромео, како и Кансело и Араухо.

Список на играчи кои се повредени или под знак прашалник за Барселона:

Гави
Алехандро Балде
Маркос Алонсо
Марк-Андре тер Штеген
Рафиња
Иниго Мартинез
Феран Торес
Серхи Роберто
Жоао Феликс
Роналд Арахуо
Жоао Кансело
Андреас Кристенсен.

Најнови вести од Вести

To top