Вести 200 евра за НГ по „дома“

200 евра е просекот за новогодишна семејна трпеза во Албанија

Вкупната цена за новогодишната вечера за четиричлено албанско семејство е 19.300 леки (193 евра), а може да варира во зависност од преференциите на секое семејство, забележува „Монитор“. 

200 евра е просекот за новогодишна семејна трпеза во Албанија

Kолку може да чини традиционалната новогодишна вечера за четиричлено албанско семејство? За да обезбеди приближни податоци за ова, „Монитор“ ги анализираше просечните цени на главните производи и пијалаци потребни за подготовка на празничната вечера.

Дочекот на Новата година е една од најомилените традиции кај Албанците – семејствата се собираат да прослават и уживаат во внимателно подготвените оброци, пренесува албанскиот економски магазин „Монитор“

Меѓу јадењата на албанската трпеза се најразлични салати, мисирка, першеш (јадење со праз, путер, нане и мелено леб, често пченка, која се пржи и најчесто се комбинира со печена мисирка), баклава и грицки  вино, ракија и природни сокови.

„Врз основа на сегашните пазарни цени, состојките за салата – најчесто руска салата или други видови зелени салати – чинат во просек по 2.000 албански леки или 20 евра, за четиричлено семејство. Различните видови месо на албанската новогодишна трпеза чинат во просек по 3.300 албански леки. Мисиркиното месо – 6 килограми за просечно семејство – чини меѓу 1.000 и 1.200 албански леки за килограм. Говедското месо на албанскиот пазар во просек чини 1200-1500 леки за килограм, наведува магазинот.

За половина килограм салама или пршута, Албанците трошат меѓу 600-800 леки.  Мешавина од сирења на албанскиот пазар за четири лица во едно семејство се проценува на 1.000 леки.

„Производите за прженото јадење першеш чинат помеѓу 1000-1500 леки. Цената на домашната или купената готова баклава варира помеѓу 1.500 и 3.500 албански леки. Едно шише вино на албанскиот пазар чини во просек 800-1500 леки, ракија (0,5 l) – помеѓу 500 и 1000 леки, а сокови и вода – 1000 леки.

Вкупната цена за новогодишната вечера за четиричлено албанско семејство е 19.300 леки (193 евра), а може да варира во зависност од преференциите на секое семејство, забележува „Монитор“.

To top