Останати спортови Спорт Едноставно најдобар

Верстапен до 17. победа оваа сезона, сега во Бразил

Верстапен до 17. победа оваа сезона, сега во Бразил

Ништо ново во Формула 1, Макс Верстапен ја запиша 17. победа во сезоната. Холанѓанецот извозе нова доминантна трка, овојпат на патеката „Интерлагос“ во Бразил и го потврди и триумфот во саботниот спринт.

На второто место со сериозен заостанок заврши Ландо Норис, а во „фото-финиш“ профитираше Фернандо Алонсо. „Стариот лисец“ успеа да го прејде Серхио Перез и го фати последното место на подиумот, во трка до последниот метар пред целната линија, па одново ги собра симпатиите и аплаузите на публиката.

Во бодови завршија уште Строл, Саинц, Гасли, Хамилтон, Цунода и Окон.

To top