Со одигрувањето на двата натпревара од Е групата во Малме комплетирана е првата фаза на Европското првенство во ракомет. Во дуелот за првата позиција во групата кодомаќинот Шведска ја совлада Хрватска со 33:25, додека Холандија беше сигурна во дуелот со Грузија и ја постигна првата победа со 31:26.
Во новоформираните групи 1 и 2 репрезентациите кои имаа меѓу себе ги пренесуваат резултатите, па така во Главната фаза ќе се играат уште четири дополнителни кола.
Во групата 1 по два бода имаат: Германија, Франција и Португалија, додека без бод ќе стартуваат: Данска, Шпанија и Норвешка. Во групата 2 по два бода ќе имаат: Шведска, Словенија и Исланд, додека без бод се Хрватска, Унгарија и Швајцарија.
Според резултатите од групите другите 12 репрезентации се рангирани од 13 до 24.место, а редоследот е следен: Фарски острови, Македонија, Холандија, Австрија, Чешка, Србија, Грузија, Полска, Романија, Црна Гора и Украина.
Утре на програмата се дуелите од групата 1: Германија – Португалија, Шпанија – Норвешка и Данска – Франција. (МИА)