Ракомет ракомет

Вирус ги „покоси“ Германците, најтешко „погоден“ Кнор

Зимскиот вирус кој се појави на ЕП во Германија, ги зафати и домашните ракометари пред двата најважни натпревари за пласман во полуфиналето.

Вирус ги „покоси“ Германците, најтешко „погоден“ Кнор

Зимскиот вирус кој се појави на ЕП во Германија, ги зафати и домашните ракометари пред двата најважни натпревари за пласман во полуфиналето.

Најлоши симптоми имал најдобриот играч на Германија, Јури Кнор.

„Настинат сум последните 2-3 дена, малку сум уморен. Уфрлив многу лекови, некои од нив не знам ни кои. Се обидов целосно да бидам подготвен за натпреварите со Исланд и со Австрија. Уште два меча се до крај, сигурен сум дека моето тело повторно ќе биде 100%“, изјави Кнор.

Претходно вироза ги покоси и Хрватите, најпрво Дувњк, па Карачиќ, Срна, Мараш и Мамиќ. И натаму се под знак прашалник против Исланд.

To top