Пред нас се завршните битки на 16. Европско ракометно првенство, но во пресрет на дуелите за третото место и титулата, ЕХФ го објави идеалниот тим на овој шампионат.
Стандардно ја имаме најдобрата седумка, плус играчот кој е најдобар дефанзивец, па во ова друштво најбројни се Данците и Германците.
Од селекцијата на Данска го имаме десниот бек Матијас Гидсел, плус Магнус Саудструп како играч кој е избран како најквалитетен кога е во прашање одбраната. Кога се работи за Германија, тука се голманот Андреас Волф и средниот бек Јури Кнор.
Останатите места се резервирани за Лудовик Фабрегас од Франција, Мартим Кошта од Португалија, Роберт Вебер од Австрија и Хампус Ване од репрезентацијата на Шведска.