Ракомет

Суспензија за Никола Портнер

Суспензија за Никола Портнер

Голманот на актуелниот европски шампион Магдебург, Никола Портнер, привремено е суспендиран поради сомневање дека користел допинг.

Во официјалното соопштение на Магдебург се вели дека деталите за обвиненијата и напредокот на случајот засега остануваат нејасни.

Од Магдебург истакнаа дека 30-годишниот голман привремено е суспендиран од учество во тренинзите и настапите на клубот додека трае истрагата.

Тоа значи дека голманот нема да брани во финалето од Купот на Германија, а доколку биде целосно суспендиран, тимот на Магдебург ќе мора без него да се бори за пласман на Ф4 во Лигата на шампионите.Г

To top