Ракометната селекција на Словенија ја победи Шведска, со 29-24 и е на чекор од четвртфинале на Летните Олимписки Игри во Париз откако го забележаа вториот триумф во рамките на турнирот.
Најдобар стрелец беше Јанц со десет гола, пред Влах со осум, додека кај Шведска, Ване беше прв стрелец со шест постигнати гола.
Сега, четири екипи се со по четири бода во Групата А, а до крајот има уште две кола. Во следното коло Словенија игра против Јапонија која досега нема ниту еден освоен бод. Шведска, пак, ја чека дуел со Хрватска. Последниот меч од следното коло е меѓу Германија и Шпанија