Ракомет

Сигурдсон се откажа од Циндриќ за олимписките квалификации

Сигурдсон се откажа од Циндриќ за олимписките квалификации

Новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави списокот на играчи за настап на олимписките квалификации, кои ќе се одржат во периодот од 14 до 17 март.

Меѓу избраните 21 ракометар се најде името на екс ракометарот на Вардар и Металург, Лука Циндриќ.

Новиот предводник на „коцкестите“ на списокот ги смести Давор Чавар од Загреб и Златко Раужан од Сесвете, двајцата ракометари ги немаше на поширокиот список од 35 играчи.

Се уште не е познато зошто е изоставен Циндриќ, кој игра солидно во дресот на Динамо Букурешт. Во репрезентацијата се враќа еден од најдобрите дефанзивци – Јаков Гојун.

Теми на денот

To top