Ракомет

Хрватска го добива првиот селектор странец

Хрватска го добива првиот селектор странец

Ракометната репрезентација на Хрватска за првпат во историјата за селектор ќе има странец, тоа е Исланѓанецот Дагур Сигурдсон.

Неговата официјална промоција како селектор на Хрватска се очекува да биде во Загреб.

Првиот предизвик за Сигурдсон ќе биде најтежок, да ја однесе Хрватска на Олимписките игри во Париз. Хрватска во Хановер ќе игра на квалификацискиот турнир за пласман на ОИ во Париз, заедно со селекциите на Германија, Австрија и Алжир.

Според пропозициите, двете првопласирани селекции ќе обезбедат пласман на Игрите во Париз.

Теми на денот

To top