Ракомет

Шведска по продолжение до историско олимписко полуфинале

Шведска по продолжение до историско олимписко полуфинале

Женската ракометна репрезентација на Шведска првпат во историјата ќе игра во полуфиналето на Олимписките Игри, откако во четвртфиналната фаза ја надигра селекцијата на Унгарија со 36-32.

Победникот мораше да биде решен во дополнителното време, откако натпреварот заврши со нерешен резултат (29-29).

Одлична партија одигра Катрин Клујбер со единаесет постигнати голови, додека кај Швеѓанките најдобра беше Копанг со седум кола, а по шест погодоци додадоа Хагман и Блогман.

Феноменално издание кај Шведска имаше и голманката Јохана Бундсен, која запиша дури 22 успешни интервенции.

Шведска во полуфиналето ќе се сретне со актуелниот олимписки шампион и домаќин на Олимписките игри, селекцијата на Франција.

To top