Ракометарите на Шведска како првопласирани во групата Е заминуваат во втората фаза од натпреварите на Европското првенство во ракомет.
Во одлучувачкиот меч против Хрватска, Швеѓаните обезбедија убедлива победа од 33:25.
Шведска беше доминантна од првата до последната минута на мечот и не дозволи „коцкестите“ да се вратат во живот за победа.
Доминацијата покажана на овој меч најавува атак на медал од страна на едне од трите домаќини на ова првенство.
Рогановиќ и Јохансон со по пет гола беа најефикасни кај Шведска, додека кај Хрватите, Срна постигна 7 гола.