Ракомет договор до јуни 2025

РК Вардар се засили со туниски интернационалец

Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, а во моментов се наоѓа и напоширокиот список на сениорскиот репрезентативен тим.

РК Вардар се засили со туниски интернационалец

Пополнувајќи ги дефицитарните места во тимот со соодветни засилувања, повеќекратниот македонски првак Вардар 1961 ангажираше нов играч, на позицијата десен бек. Станува збор за 23-годишниот Мохамед Тарик Бакар кој тренира со екипата и заедно со кондициониот тренер Тони Богдановски со цел да биде подобро подготвен за пролетниот дел од сезоната.

Новиот играч потпиша договор за следните 1,5 сезона, и во Вардар треба да остане до јуни 2025 година.

Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, а во моментов се наоѓа и напоширокиот список на сениорскиот репрезентативен тим.

Пет сезони игра во сениорската лига на Тунис, и има настапувано за екипите на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф каде настапуваше претходната сезона.

Со доаѓањето на Бакар „црвено-црниоте“ добиваат уште еден десен бек, позиција во тимот на која настапува Томислав Јагуриновски.

To top