Ракомет ракомет

РФМ на маки: Каде ќе биде пехарот и медалите за шампионот, во Битола или Скопје?

Последното коло од суперлигашкиот плеј-оф ќе се одигра в среда, на 29 мај и в сабота, на 1 јуни. Две екипи имаат теоретски шанси да бидат шампиони, и Еурофарм Пелистер, и Вардар. Битолчани се во мала предност, имаат два бода, но имаат и потежок ривал во последното коло.

Решавачките средби меѓу Бутел и Вардар, односно Еурофарм Пелистер и Алкалоид се закажани на 1 јуни од 18:00 часот, но Ракометната федерација на Македонија ќе биде на мака, каде да биде пехарот и медалите за побендикот. Во Битола, или во Скопје?

Бидејќи не се знае кој ќе биде шампион, барем теоретски двата тима имаат исто шанси, пехарот за победникот, па и декорацијата зад која се сликаа целиот тим, не може да биде во истовреме и во Битола и во Скопје. Веројатно во сабота после натпреварте нема да има доделување на пехар на победникот. РФМ ќе остави клубот-шампион да одлучи дали тоа ќе биде на посебна свеченост следниот ден, в сала или на плоштад, или пак во некој сосема друг термин.

Еурофарм Пелистер е во предност, бидејќи има 38 бодови, а ќе биде шампион дури и со реми против тимот од Автокоманда, а и победа на Вардар кај Бутел Скопје. „Црвено-црните“ имаат 36 бодови на второто место, ќе чекаат пораз на пелистерци, а мораат да слават на гости кај Бутел Скопје.

Битолчани лани ја освоија титулата по 18 години пауза, а сега ги дели уште еден чекор до одбрана на македонскиот трон.

Останатите два меча од 14 коло од плеј-офот во Супер лигата кои немаат влијание на изгледот на табелата, меѓу Охрид и Тиквеш, односно Пролет и Струга, ќе се играат в среда на 29 мај.

To top