Франција по една деценија одново е на врвот на Европа, откако во неверојатно финале славеше над Франција по продолжението со 33-31.
„Триколорите“ по исцрпувачкото полуфинале со Шведска, сочуваа сили и за финалната средба и одново ги израдуваа своите фанови. На шампионатот во Германија блеснаа многу ракометари, а според ЕХФ најдобар турнир имаше ракометар кој доаѓа токму од редовите на освојувачот.
Недим Ремили е прогласен за МВП (најдобар ракометар) на Европското првенство. Со индивидуални награди се закитија и бекот на Португалија, Мартим Коста и асот на Данска, Матијас Гидсел кои со по 54 гола се најдобри стрелци на шампионатот.