Кошарка Сосема заслужено

Кендрик Нан прогласен за МВП на сезоната во Евролигата

Кендрик Нан прогласен за МВП на сезоната во Евролигата

Кошаркарот на грчкиот клуб Панатинаикос, Кендрик Нан е прогласен за најкорисен играч на Евролигата.

Американецот беше најдобар стрелец во лигашкиот дел од сезоната, а во 33 одиграни натпревари, тој забележа 21,1 поен, 4,3 асистенции, 3,6 скокови и една украдена топка, со индекс на корисност од 20,3 поени.

Панатинаикос го задржа третото место со резултат од 22 победи и 12 порази. Нан го наследи Мајк Џејмс, кој беше МВП минатата сезона.

На бекот ќе му припадне трофејот иако е петти во лигата по индекс на корисност зад Саша Везенков (24,5), македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс (22) и Тео Маледон (20,6).

To top