Кошарка ЗАСЛУЖЕНА НАГРАДА

Саша Везенков МВП во плеј-офот на кошаркарската Евролига

Саша Везенков МВП во плеј-офот на кошаркарската Евролига

Кошаркарот на Олимпијакос, Саша Везенков, е прогласен за MВП на плејоф фазата во Евролигата,  награда што за првпат во историјата на елитното натпреварување се доделува.

Олимпијакос обезбеди пласман на фајнал-форот што ќе се одржи во Абу Даби, откако во четвртфиналната серија го елиминираше Реал Мадрид со 3-1 во победи.

Везенков блескаше во серијата против „кралскиот клуб“, со просек од 19 поени, 6,5 скока, 3 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар. Имаше и импресивна прецизност од 60,6% при шутевите за два поени.

To top