Ракомет

Ракометното дерби во Битола со две навивачки групи

Ракометното дерби во Битола со две навивачки групи

Овој викенд во Битола в0 сабота ќе се одигра дербито меѓу Е и Вардар во Суперлигата.

Најава за ново супер-дерби е фактот дека повторно ќе има две навивачки групи на трибините. Откако тоа беше случај и на првиот меч во Скопје, сега и во Битола средбата ќе се игра со песна на „Чкембари“ и „Комити“.

Скопските навивачи веќе го најавија гостувањето преку официјалниот профил на социјалните мрежи.

По неколкуте случки и скандали на ракометните дерби дуели, некое време имаше на сила забрана за гостински навивачи. Сепак, на првиот меч во Скопје беа присутни и „Чкембари“, па сега иста шанса ќе имаат и „Комити“ на дуелот во Битола.

Натпреварот во „Боро Чурлевски“ се игра в сабота во терминот од 18:00 часот.

To top